
еласица денес на стадиоонот „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека велешки Борец во претпоследното 29. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Ова е последен натпревар на Беласица на домашен терен и пред домашната публика за актуелната сезона 2024/2025 година.
Беласица ќе биде голем фаворит на денешниот натпревар против отпаднатиот Борец, кој од следната сезона се враќа во Трета лига – Југ.
Александар Стојанов, тренерот на Беласица кој доби два жолти картони на мечот со Брегалница во Штип во претходното коло, нема да може да ја води Беласица од клупата, бидејќи двата жолти картони се автоматски црвен картон, па така Стојанов ќе треба да биде на трибините на денешниот меч.
Главен судија на денешниот натпревар ќе биде Владимир Ѓорѓиевски од Битола, а натпреварот ќе започне во 17 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити