
Во големото финале од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се соочат екипите на Тиверија Брера и Љуботен, откако двете денес обезбедија победи во полуфиналните натпревари.
Херојка на Тиверија Брера беше 19-годишната Билјана Панеска, која со гол во 31. минута го реши дуелот против Скопје и го одведе својот тим во финалето.
Во вториот полуфинален меч, Љуботен триумфираше со 0:2 на гостувањето кај Каменица Саса. Екатерина Фролова беше двоен стрелец, со голови во 6. и 74. минута.
Во финалето, Тиверија Брера ќе се обиде да го предизвика актуелниот бранител на трофејот – Љуботен од Тетово.
Александар Ванев, Струмица Сити