ВИДЕО: Тренерот на Беласица, Александар Стојанов со анализа за мечот со Брегалница и добиениот црвен картон!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Екипата на Беласица загуби на гостувањето кај Брегалница со минимални 1:0, во рамки на вонредното 28. коло на Втора лига. Голот го постигна Стефан Бабунски за рано водство на „сините“, а потоа мрежите „замрзнаа“ и немаше погодок.

Беа поделени 11 жолти картони и два црвени. По завршувањето на мечот втор жолт картон доби голманот на Брегалница, Дамјан Серафимов, автоматски и црвен картон и го пропушта мечот против Охрид во следното коло, а со два жолти картони беше и шефот на стручниот штаб на Беласица, Александар Стојанов, кој во судиското надополнување го доби вториот жолт картон што значи автоматски и црвен и мораше да го напушти теренот.

Стојанов во изјава за Спортска Мрежа го анализираше мечот и моментот со добивањето на двата жолти картони и црвениот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.