Хоризонт Турново утре гостува во Пирава кај Ударник

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Поранешниот прволигаш Хоризонт Турново утре во рамки на 17. коло на Трета лига – Исток ќе гостува во Пирава каде ќе се соочи со Ударник.

Натпревар каде екипата на Хоризонт Турново ќе биде фаворит за трите бодови, а пак Ударник пред својата публика ќе сака триумф и така да остане во игра и за осмото место на табелата, ако и во последното коло триумфира над Дојранско Езеро и притоа ќе треба да чека кикс на конкурентите.

Турново оди седмиот сезонски триумф, а сега се наоѓа на 4. место на табелата со 22 освоени бодови.

Натпреварот меѓу Ударник и Хоризонт Турново се игра во фудбалскиот терен во Пирава со почеток од 17 часот, главен судија ќе биде Борче Коцев од Радовиш.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.