Тиверија утре против Малеш во Струмица

ФОТО: АРХИВА

Тиверија утре во рамки на претпоследното 17. коло на Трета лига – Исток на домашен терен во Струмица ќе се соочи со екипата на Малеш од Берово.

Тиверија не одигра сезона според посакуваното, во претходното коло ја забележа само третата сезонска победа откако го совлада Овче Поле во Свети Николе со 1:3, а сега ќе сака уште една победа против Малеш, во обид ако и во последното коло во дербито со Хоризонт Турново стигне до триумф да ја заврши сезоната барем на претпоследното место.

Тиверија сега е на дното со 11 бодови, а пак Ударник од Пирава е претпоследен со 14 бодови.

Тимот на Малеш од Берово е сигурен во средишниот дел од табелата, а во досегашниот тек од сезоната собра 19 бодови.

Натпреварот меѓу Тиверија и Малеш се игра утре со почеток од 17 часот, на теренот со вештачка трева во Струмица, а главен судија ќе биде Блаже Петковски од Миравци.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.