
Денес на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се одигра дербито на Истокот меѓу Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш.
Ова ќе биде дерби за петото место на второлигашката табела, а кое се игра во рамки на 27. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Двете екипи целат кон тоа сезоната да ја завршат на високото петто место, а Беласица која е разиграна и која пролетниот дел предводена од Александар Стојанов игра во одлична форма ќе биде фаворит за денешните три бодови.
Формата, домашниот терен и поддршката од струмичката јавност и верните навивачи ќе бидат дополнителна предност за Беласица. Повеќе од сигурно е дека ќе има неизвесно соочување.
Натпреварот се игра денес со почеток од 16 часот, а главен судија ќе биде Слободан Боцевски од Скопје.
Александар Ванев, Струмица Сити