
Фудбалерките на Тиверија Брера во недела во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига ќе се соочат со Истатов на домашен терен.
Струмичанки ќе бидат фаворити за трите бодови и за нова победа против Истатов, но треба да бидат внимателни, бидејќи во Пржино екипата на Истатов откина бодови од Тиверија Брера играјќи 1:1.
Екипата на Тиверија Брера ја продолжува борбата за трите бодови и затоа до крај нема право на грешка, а во рамки на последното коло во Тетово многу веројатно ќе се решава кој да биде шампион, со директниот дерби дуел на актуелниот шампион и лидер Љуботен и Тиверија Брера.
Натпреварот меѓу Тиверија Брера и Истатов се игра на теренот со вештачка трева со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити