
Во сабота на стадионот „Благој Истатов“ ќе се одигра дербито на Истокот меѓу Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш, во рамки на 27. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Ова ќе биде дерби за петото место на табелата меѓу струмичани и радовишани. Екипата на Беласица предвоена од Александар Стојанов игра во одлична форма и сака сезоната да ја заврши на петото место, од друга страна Детонит Плачковица ќе сака да триумфира со цел да избие на петото место на табелата.
Натпреварот се игра во сабота со почеток од 16:00 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Александар Ванев, Струмица Сити