Одбојкарите на Струмица вечерва гостуваат кај Штип УГД – со триумф ќе ја одбранат титулата!

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Одбојкарите на Струмица се пред одбрана на шампионската титула, вечерва со почеток од 19 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ го играат третиот меч од финалната серија против Штип УГД.

Струмица претходните два натпревари ги доби и има предност од 2:0 во финалната серија, а доколку вечерва Струмица го доби мечот ќе значи дека ќе ја одбрани титулата. Доколку Штип УГД забележи триумф тогаш ќе се игра четврти натпревар во струмичката сала „Парк“, па во таков случај Струмица пред својата публика ќе бара победа за одбрана на титулата.

Психолошкиот притисок кај одбојкарите на Штип УГД е голем бидејки само победа е опција за нив, а тоа може да биде голема предност за струмичани.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.