Воска Спорт не допатува во Струмица – службена победа за Брера!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата! АРХИВА

Екипата на Воска Спорт веќе и официјално е исфрлена од Првата македонска фудбалска лига, откако клубот од Охрид денес не се појави на стадионот „Благој Истатов“ каде требаше да го одигра мечот со Брера Струмица.

Ова значи дека Воска Спорт ќе биде исфрлена во најнизок ранг на натпреварување тоа е Четвртата односно Општинската фудбалска лига во Охрид, ако воопшто и продолжи Воска Спорт со натпреварување.

Охриѓани најавија повлекување од понатамошно натпреварување поради арбитражите, а со оглед на тоа дека денес фудбалерите на Воска Спорт не се појавија на теренот во Струмица, клубот ќе биде и официјално исфрлен од лигата.

Официјалните лица на денешниот меч главниот судија Фуркан Идризи, помошниците Гоце Петрески и Дејан Димитријевиќ, четвртиот судија Пларент Салихи, како и делегатот Драган Јорданов и контролорот Димитар Мечкаровски беа притусни на теренот, но по чекање од 30 минути екипата на Воска Спорт не се појави на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Воска Спорт не го најавила ниту своето отсуство, па така сега овој меч екипата на Брера Струмица го добива со службени 3:0.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.