
Екипата на Хоризонт Турново денес на домашен терен ќе се соочи со екипата на Малеш од Берово, во рамки на 16. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Натпреварот ќе започне во 16:30 часот, се игра на стадионот „Кукуш“ во Турново, а главен судија на мечот ќе биде Борче Коцев од Радовиш.
Ова ќе биде меч каде Хоризонт Турново ќе бара враќање на победничките патеки и ќе ја бара шестата сезонска победа, со цел и да прогресира на табелата, додека пак Малеш исто така ќе бара шесто сезонско славје.
Александар Ванев, Струмица Сити