Тиверија денес гостува во Свети Николе кај Овче Поле

ФОТО: АРХИВА

Денес во рамки на 16. коло на Трета лига – Исток екипата на Тиверија од Струмица ќе гостува во Свети Николе каде ќе се соочи со екипата на Овче Поле, која годинава прославува еден век постоење.

Домашниот тим кој се бори сезоната да ја заврши на второто место ќе биде фаворит за трите бодови, а пак Тиверија која е на дното од табелата оди по изненадување и ќе ја бара само третата сезонска радост.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Свети Николе, со почеток од 16:30 часот, а главен судија на мечот ќе биде Тоше Џамов од Кочани.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.