
Беласица во силна победничка форма денес гостува во Гевгелија каде во рамки на 26. коло на Втората лига ќе се соочи со Кожуф кој е во резултатска криза.
Беласица е на петото место со 38 бодови и тимот на Александар Стојанов игра во победничка форма и сака продолжува на истата со цел сезоната да ја заврши на петото место што е цел на тимот од Струмица.
Кожуф е во резултатска криза и на последни пет има има учинок од две ремија и три пораз и затоа е на делба на деветото место со Саса со по 32 бодови.
Беласица оди по 11-тиот сезонски триумф и со тоа да се зацврстува на петото место на табелата.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 16 часот, а главен судија ќе биде Спире Арсов од Кочани.
Александар Ванев, Струмица Сити