
Фудбалерите на Тиверија утре во рамки на 14. коло на Трета лига – Исток ќе гостуваат во Дојран каде ќе се соочат со фаворитот Дојранско Езеро.
Струмичани имаат лоша сезона и се наоѓаат „заковани“ на дното од табелата со само шест бодови, а веќе утре ги очекува нов тежок меч.
Не тргна Тиверија оваа сезона според планот и има само две победи и 11 порази, а воедно го има и најлошиот напад со само 15 постигнати погодоци и најлоша одбрана со примени 44 голови.
Дојранско Езеро е на 4. место на табелата со 20 бодови и сака нови три бодови против Тиверија со цел да го напаѓа второто место.
Натпреварот се игра во Дојран, а ќе започе во 16 часот. Главен судија ќе биде Блаже Петковски од Миравци.
Александар Ванев, Струмица Сити
https://myteana.ru/forums/index.php?autocom=gallery&req=si&img=6360