
Во рамки на утрешното 14 коло на Трета лига – Исток екипата на Хоризонт Турново на домашен терен ќе се соочи со Овче Поле.
Екипата на Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш“ ќе бара излез од резултатската криза и враќање на победите, но против Овче Поле ќе биде тешко, гостинот од Свети Николе ќе биде фаворит во трката да го сочува второто место и така да ја заврши сезоната.
Натпреварот ќе се игра утре со почеток од 16 часот, а главен судија на истиот ќе биде Сашко Ристов од Струмица, негови помошници ќе бидат Ѓорѓи Транковски и Стојан Костадинов од Струмица.
Во однос на табелат пред почетокот на овој меч екипата на Хоризонт Турново падна дури на седомто место со 16 бодови, а пак Овче Поле е втор со 23 бодови, но има ист број на бодови како и Брегалница од Делчево која е трета.
Александар Ванев, Струмица Сити