Фудбалерките на Тиверија Брера утре во Струмица го пречекуваат Топ Гол

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Утре, недела на теренот со вештачка трева во Струмица екипата на Тиверија Брера како голем фаворит ќе се соочи со Топ Гол од Битола, во рамки на 19. коло на Првата женска фудбалска лига.

Повеќе од јасна е разликата во квалитетот и повеќе од сигурно е дека струмичанки ќе бидат големи фворитот за ново славје и нови три бодови на своето конто во трката за титулата.

Тиверија Брера има 41 бод на своето конто два помалку од лидерот и шампион Љуботен кој има 43 бодови и овие две екипи ја продолжуваат трката за шампионската титула.

Натпреварот ќе започне во 16 часот, а главен судија на истиот ќе биде Ангела Рајчевска од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.