
Фудбалерите на Беласица денес во рамки на 24. коло на Втората фудбалска лига ќе гостуваат во Кочани, каде ќе се соочат со Осогово.
Беласица е во победничка форма со четири победи во низа и сака нова победа со која може да биде на петото место на табелата. Струмичани предводени од Александар Стојанов влегоа во победнички ритам и сега атакуваат на тоа сезоната да ја завршат како петтопласирани.
Од друга страна Осогово се бори за директен опстанок, сега се наоѓа во бараж зоната и победата и трите бодови му се повеќе од потребни во таа неизвесна и грчевите борба за опстанок. Домашниот терен и поддршката од публиката ќе биде предност за Осогово, но формата и квалитетот се на страната на Беласица.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево, а мечот започнува во 16 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити