Брера го промени тренерот – Панче Стојанов ќе го води прволигашот од Струмица во битката за опстанок!

Екипата на Брера Струмица со нов тренер ќе бара опстанок во Првата македонска фудбалска лига, откако Тони Атанасов си поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб во струмичкиот прволигаш, а на негово место е назначен Панче Стојанов.

49-годишниот Стојанов беше помошник на Атанасов во овој дел од првенството и заедно го водеа тимот низ предизвиците од овој дел на сезоната.

Стојанов е добро познат на фудбалската јавност, фудбалер во повеќе мак клубови настапувајќи за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Стојанов беше и тренер во младинските категории на Брера Струмица, а во 2018 година го предводеше сениорскиот состав кога за првпат Брера Струмица тогаш Академија Пандев настапи во Првата лига.

Стојанов на клупата на Брера како прв тренер ќе дебитира веќе утре во првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија против Вардар во Скопје, а фокусот ќе биде ставен на обезбедување на опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.