Беласица го декласираше Вардарски во Струмица со четири гола!

ФОТО: Александар Ванев, Струмица Сити | Забрането превземање! | АРХИВА

Беласица забележа голема победа од 4:1 над екипата на Вардарски во меч од 23. коло на Втората лига, кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Димче Јовов постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Александар Богданоски постигна два гола, а еден гол постигна и Кире Стојанов за 4:0.

Во финишот на мечот гостинот од Богданци постигна гол преку Даријан Трајчов во 85. минута за конечни 4:1.

Беласица ја забележа четвртата победа во низа и со тоа се проби на табелата за делба на шесттото место заедно со екипата на Скопје со по 34 бодови, а пак Вардарски останува на дното со осум бодови. Во следното коло екипата на Беласица ќе гостува во Кочани кај Осогово.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.