
Фудбалерката на Тиверија Брера од Струмица, Теона Галабовска, ги одигра првите минути за сениорската женска репрезентација на Македонија, откако 17-годишната фудбалерка го имаше својот деби настап за Македонија на мечот против Летонија.
„Горди сме на нашите девојки и на секој нивен постигнат успех“, велат од ЖФК Тиверија Брера, по дебито на нивната фудбалерка за сениорската женска фудбалска репрезентација на Македонија.
Инаку, женската сениорска репрезентација на Македонија загуби со 1:2 од селекцијата на Летонија на домашен терен во рамките на второто коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на СП 2027.
Александар Ванев, Струмица Сити