Астраион убедливо поразен во ракометниот Куп од суперлигашот Куманово

Ракометарите на Астарион претрпеа висок пораз од суерлигашот Куманово во елиминационото коло од Купот на Македонија, откако струмичани загубија со 35:18.

Победата беше најавена уште во првиот дел од мечот кога резултатот беое 18:9, а во вториот дел се играше само формално со што Куманово ја потврди очекуваната висока победа.

Иван Димитров со 11 гола беше најдобар стрелец кај Куманово, а пак кај Астраион се истакна Кире Георгиев со седум погодоци.

Астраион ги завршува настапите во Купот, а струмичани во Првата лига ќе играат во плеј-аутот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.