
Сосема беше очекувана високата победа за Слога Виница, која со 0:7 ја декласираше последнопласираната Тиверија, во натпревар кој се играше на теренот со вештачка трева во Струмица, а во рамки на 11. коло на Трета лига – Исток.
Тимот на Емил Грнев дојде до лото победа преку двојниот стрелец Игор Ѓорѓиев, а по еден гол постигнаа Филип Петковски, Иван Настевски, Петар Љамчевски, Александар Илиев и Октај Амедов.
Струмичани не играат според посакуваното во тековната сезона и се наоѓаат на дното од табелата, со што Тиверија ја очекува тешка битка за опстанок во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, Струмица Сити