Хоризонт Турново загуби во Делчево од Брегланица

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Трите бодови остана во Делчево откако екипата на Брегалница со 2:0 го доби некогашниот прволигаш Хоризонт Турново, во рамки на 11. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Резултатот го отвори Дарко Пешовски во 18. минута за 1:0, а на стартот од вториот дел новото засилување Јован Дојчинов постигна гол за 2:0.

Во 57. минута Филип Димитровски поради два жолти картони беше исклучен од игра, па Брегалница Делчево до крајот беше со играч помалку на терен, но тоа не го искористи Хоризонт Турново, па трите бодови останаа во Делчево.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.