
Беласица преку пресврт во три минути ја доби Каменица Саса и ја продолжува победничката серија, откако струмичани славеа со 1:2 во меч од 22. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Мрежите во првиот дел мируваа, а во второто полувреме Тони Мичковски постигна гол за 1:0 во 60. минута со што Каменица Саса го отвори резултатот и прва дојде до предност на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
Струмичани во 82. минута израмнија преку автоголот на Дарко Алексовски, а само три минути подоцна Огнен Здравковски постигна гол за 1:2.
Беласица има три победи во низа, на своето конто има 31 бод за делба на деветтото место и само три бода негатива од петтото место.
Во следното коло Беласица како фаворит ќе игра на домашен терен против последнопласираниот Вардарски од Богданци.
Александар Ванев, Струмица Сити