Тиверија во Струмица денес го пречекува лидерот Слога од Виница

Денес во рамки на 11. коло на Трета лига – Исток екипата на Тиверија на домашен терен, на теренот со вештачка трева во Струмица, ќе го пречека лидерот Слога од Виница.

Разликата во квалитет е огромна и повеќе од јасно е дека екипата на Слога Виница предводена од Еимл Грнев без проблеми ќе триумфира против струмичкиот третолигаш.

Тиверија е на дното од табелата и не игра според посакуваното во тековната сезона, па ќе треба на следните мечеви да ја поправа играта со цел да го напушти дното од табелата во Трета лига – Исток.

Натпреварот во Струмица ќе започне во 15 часот, а главен судија на мечот ќе биде Борче Коцев од Радовиш.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.