Хоризонт Турново денес гостува во Делчево кај Брегалница

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

После големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, денес ќе бидат одиграни одложените натпревари од 11. коло на Трета лига – Исток.

Во рамки на истото екипата на Хоризонт Турново ќе гостува во Делчево, каде ќе се соочи со домаќинот Брегалница.

Ова ќе биде и дерби на колото меѓу домаќинот кој е трет со 17 бодови и гостинот од Турново кој е четврти на табелата со 16 бодови. Трите бодови се императив и на двете екипи кои сакаат триумф и да ја продолжат борбата за второто место на табелата.

Натпреварот ќе започне во 15 часот, а главен судија на мечот ќе биде Блаже Петковски од Миравци.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.