Беласица денес гостува во Македонска Каменица кај Каменица Саса

ФОТО: Александар Ванев, Струмица Сити

Фудбалерите на Беласица денес гостуваат во Македонска Каменица, каде во рамки на 22. коло на Втората лига ќе се соочат со екипата на Каменица Саса.

Меч и три бодови важни и за двете екипи со цел сезоната да ја завршат што повисоко на табелата. Беласица е на 10. место со 28 бодови и со три бодови ќе може значително да се доближи и до петтото место на табелата, каде што е токму Каменица Саса со 32 освоени бодови.

Натпреварот ќе започне во 15 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Нинослав Нанков од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.