Ракометарите на Астраион денес против Куманово во Купот на Македонија

Ракометарите на Астраион од Струмица денес го играат елиминациониот натпревар од Купот на Македонија против екипата на Куманово.

Астраион кој е дел од плеј-аутот на Првата лига нема воопшто шанси за следна фаза од Купот против апсолутниот фаворит Куманово, екипа која пак ќе биде дел од плеј-аутот на Суперлигата.

Разликата во квалитет е огромна меѓу двете екипи, а натпреварот се игра денес со почеток од 12 часот во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово.

Судиска двојка ќе бидат Наум Александровски и Стефан Кузмановски, а пак делегат на мечот ќе биде Александар Атанасовски.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.