
Ракометарите на Астраион од Струмица оваа сезона ќе се натпреваруваат во плеј-аутот на Првата ракометна лига, откако не успеаја да фатат место во плеј-офот каде се разигрува за можен влез во Суперлигата.
Струмичани ќе бидат дел од плеј-аутот каде нема испаѓање, па се игра за престиж. Во плеј-аутот ќе бидат и екипите на Партизан, Шампион, Преспа Вардар, Текстилец и Аеродром, односно ќе се натпреваруваат шест екипи.
Поради тоа што Кичево се откажа од понатамошно натпреварување, во плеј-аутот ќе бидат шест екипи наместо седум како што првично беше.
Стрмичани ќе се обидат со нешто подобри игри да имаат подобри резултати во плеј-аутот во однос на регуларниот дел од првенството.
Александар Ванев, Струмица Сити