Александар Милушев обезбеди триумф за Беласица на гостување во Прилеп кај Победа

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата! | АРХИВА

Беласица во рамки на 20. коло на Втората лига забележа победа во дербито на два екс прволигаши против Победа од минимални 0:1.

За Беласица ова беше шесттото сезонско славје, а херој на мечот за струмичани беше искусниот Александар Милушев кој постигна гол во 70. минута со што трите бодови заминаа на контото на струмичкиот второлигаш.

Со овој триумф Беласица е на десеттото место на табелата, но сега има 25 бодови и тимот предводен од стратегот Александар Сотјанов се зацврстува во средината од табелата.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против екипата на Новица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.