Јанев го спаси Хоризонт Турново од пораз на „Кукуш“ од Дојранско Езеро!

Некогашниот прволигаш Хоризонт Турново пролетната полусезона во Трета лига – Исток ја започна со реми против Дојранско Езеро, откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2 на стадионот „Кукуш“, а во рамки на првото пролетно коло или десеттата рунда.

Тимот од Дојран преку Илија Илиев во 40. минута дојде до 0:1 на полувреме, а во вториот дел и до 0:2 преку Петар Илиев во 56. минута од натпреварот.

Домашниот тим се обидуваше да фати приклучок и преку Трајче Димитриев во 73. минута намали на 1:2, а во 95. минута Антониот Јанев ги постави конечните 2:2, со што Турново се спаси од пораз, а тоа значи и поделба на бодовите.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.