
Тиверија со пораз го започна пролетниот дел во Третата македонска фудбалска лига – Исток, откако со 3:2 загуби на гостувањето кај Брегалница во Делчево, а во рамки на 10. коло.
Бојан Петровски и Антон Ратков постигнаа погодоци за водство на Брегалница по само десеттина минути игра. Тиверија на 2:1 намали во 35. минута со голот на Ване Пандевски, додека пак новото засилување Јован Дојчинов во 44. минута постигна гол за 3:1 на полувреме.
Во вторито дел струмичани преку Миле Ѓерогиев дојдоа до 3:2 и имаа доволно време за евентуално израмнување, но сепак немаше промена на резултатот.
Трите бодови останаа во Делчево, а Тиверија тргна со пораз.
Александар Ванев, Струмица Сити