
Брера Струмица и натамува останува без пролетна победа во Првата македонска фудбаслка лига, откако во рамки на 23. коло на Првата фудбалска лига одигра 2:2 против Гостивар.
Фаворитот Гостивар прв го отвори резултатот преку Антонио Каланоски, кој во 25. минута погоди против својот поранешен клуб, а потоа Брера направи пресврт. Во вториот дел Андреј Велков постигн гол за 1:1, а во 52. минута Мартин Ѓоргиевски биеше за 1:2.
Сепак, не издржа до крај Брера, Гостивар во 83. минута преку Ајдоган Огузман ги постави конечните 2:2 за поделба на бодовите.
Пред Брера Струмица е неизесна пролет кога е во прашање обезбедувањето на директниот опстанок. Брера е на деветтото место на табелата со 21 бод, само три повеќе од опасната зона.
Александар Ванев, Струмица Сити