Брера Струмица на домашен терен против Гостивар ќе бара прва пролетна радост!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Денес Брера Струмица во рамки на вонредното 22. коло на Првата македонсак фудбалска лига на домашен терен во Струмица ќе се соочи со екипата на Гостивар, која ќе допадува како фаворит за триумф.

Брера Струмица никако да победи во пролетниот дел и се мачи да обезбеди цел „плен“ и да ја одржува бодовната предност во однос на зоната за директено испаѓање во Втора лига.

Новиот кормилар Тони Атанасов и натаму нема триумф со Брера во шампионатот, откако забележа реми и два порази во низа. Денес Брера ќе игра против фаворитот Гостивар, каде одново тимот на Атанасов го очекува тежок меч. Гостивар цели само кон три бодови во трката за титулата.

Натпреварот започнува во 14 часот, а главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.