
Денес во рамки на вонредното 19. коло на Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беласица на домашен терен во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“ преку пресврт загуби од Башкими.
Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни (0:0). Во вториот дел Беласица прва го отвори резултатот преку Александар Коцев во 52. минута Александар Коцев кој постигна гол за 1:0, но радоста траеше четири минути кога Хебиб Саити погоди за 1:1.
Во 84. минута од натпреварот на „Благој Истатов“ Филип Алексовски постигна гол за 1:2 и голема победа на Башкими.
Во следното коло Беласица ќе гостува кај Победа во Прилеп, а струмичката фудбалска гордост се наоѓа на десеттото место со 22 бодови на своето конто.
Александар Ванев, Струмица Сити