
Беласица забележа огромна и убедлива победа против Вардар Неготино од 4:0 на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 17. коло во Втората лига.
На полувреме струмичани имаа предност од 1:0 преку автоголот на Димитар Јанкулов, а во вториот дел повратникот Алекснадар Коцев, капитенот Александар Милушев и Александар Богданоски ги поставија конечните 4:0.
Струмичани сега има 22 бодови на своето конто и се врати на десеттото место на табелата, а во следното коло струмичани ќе гостуваат кај Охрид на „Билјанини Извори“.
Александар Ванев, Струмица Сити