Беласица се засили со Атанасовски и Цониќ

Второлигашот Беласица ги промовираше младите Лука Атанасовски и Максим Цониќ како најново засилување кој во пролетниот дел ќе го носат дресот на струмичката фудбалска гордост.

Атанасовски кој е роден 2007 година е играч од одбраната и ќе преттавува одлчично освежување во тимот кој го води Александар Стојанов за пролетниот дел. Атанасовски доаѓа како позајмен играч од Вардар за следните шест месеци.

17-годишниот Атанасовски го забележа својот деби настап во сениорскиот фубдал, откако во првото пролетно коло на Втора лига настапи на мечот против Арсими.

18-годишниот Цониќ доаѓа од Силекс и ќе биде дополнително засилување во нападот на Беласица, има настапувано за младинските категории на Работнички, а потекнува од школата на Вардар.

Цониќ веќе дебитираше во дресот на Беласица на мечот против Арсими, со што тој го забележа својот деби настап во сениорскиот фудбал настапувајќи во Втора лига.

Веќе в сабота Беласица на домашен терен на стадионот „Благој Истатов“ ќе го пречека Вардар Неготино.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.