
Беласица со пораз го отвори пролетниот дел на Втората фудбалска лига, откако на стадионот „Благој Истатов“ загуби од Арсими со минимални 0:1.
Стрелец на победничкиот гол за гостинот од Чегране беше Арлинд Алити, со што трите бодови заминаа на контото на Арсими.
Беласица и на првото соочување со Арсими во гости беше поразена, а сега и на домашен терен.
Струмичани сега се наоѓаат на 11. место на табелата со 19 бодови, а во следното коло одново на домашен терен ќе играат против Вардар Неготино, меч кој струмичани ќе треба да го добијат, со цел да не се спуштат и на 12. место, односно тимот од Неготино да избие пред нив.
Александар Ванев, Струмица Сити