Брера Струмица со гостување во Битола против Пелистер ја започнува пролетната полусезона

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Прволигашот Брера Струмица пролетната полусезона ја отвара во Битола каде ќе му гостува на Пелистер, во рамки на првото пролетно коло.

Брера Струмица е во комплетно нов лик, изминатиот период информиравме за промените во играчкиот кадар кај струмичани, а сега со нови и млади играчи Брера Струмица ќе се обиде рано да го потврди опстанокот и да има мирна завршница од сезона.

Со иста цел е и битолски Пелистер, па токму соочување на двете екипи ќе биде вистински тест за нивните цели.

Натпреварот се игра во Битола, в недела од 14 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.