Беласица утре на „Благој Истатов“ го пречекува Арсими

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Утре започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, Беласица во рамки на првото пролетно коло односно 16-тата рунда ќе се соочи со Арсими.

Струмичани имаат мали промени во составот, но во секој случај одново имаат млад и квалитетен тим со кој како и во есенскиот, така и во пролетниот дел ќе се обидат да докажат дека може да се носат со предизвиците во Втората лига. Млади играчи со неколку искусни.

Арсими се засили значително, а тимот од Чегране сака историски влез во Првата лига.

Натпреварот се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 14 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.