
Екипата на Брера Струмица за пролетната полусезона на Првата лига се Фахд Ричард Нзенгуе Мубети.
Се работи за 24-годишен интернационалец од Гамбија, кој доаѓа од редовите на словенски Приморје. Претходно, тој настапуваше и за екипата на Табор Сезана исто така од Словенија, каде Нзенгуе Мубети имаше одлични настапи.
Во шампионатот на Словенија новото засилување на Брера Струмица има одиграно 68 натпревари, а на истите постигнал шест гола и запишал пет асистенции.
24-годишникот кариерата ја има започната во екипата на Моунана од родната Гамбија, а тој ќе биде големо засилување и освежување во редовите на Брера Струмица.
Брера пролетниот дел го отвара во Битола против Пелистер.
Александар Ванев, Струмица Сити