Брера Струмица ги промовираше Драган Билбија и Хаџи Драме

Брера Струмица ги промовираше и Екипата на Брера Струмица за пролетната полусезона се засили со Драган Билбија и Хаџи Драме, кои треба да бидат одлични засилувања за целите на струмичкиот прволигаш сигурен опстанок и мирна завршница од сезоната.

24-годишниот Хаџи Драме ја засилува десната крилна позиција, доаѓа од Мали, Африка но последните неколку години својата кариера ја гради во европски фудбалски клубови. Новото засилување на Брера Струмица беше дел од младинските селекциите на Мали до 19 и 20 години. Европската авантура ја започнува во сезона 2019/2020 во дресот на Паиде од Естонија, од каде се преселува во грузискиот Дила Гори. Во Струмица, Драме доаѓа од од ерменскиот тим Вест Ерменија каде во есенскиот дел од актуелната сезона имаше 17 настапи со две асистенции и два гола.

Ново име во Брера е и босанскиот стопер Драган Билбија, кој има 22-години, а има настапвано за Раднички Срем, Рудар од родниот Приједор, а беше дел и од младинската репрезентација на Босна и Херцеговина до 19 години.

Алекснадар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.