
Прволигашот Брера Струмица за вториот дел од сезоната се засили со 23 годишниот Фодеј Травали, кој игра во средниот ред.
Травали е поранешен младински репрезентативец на Гамбија, а последниве пет години настапува во фудбалска Европа.
Во Струмица доаѓа како слободен играч, а има настапувамо за Четникаја во Кипар, Бејкож Анадолу во Турција, во Паиде и Калев во Естонија а своето европско деби го имаше во младинскиот состав на Велје од Данска.
Пролетниот дел Брера Струмица го отвара во Битола против Пелистер.
Александар Ванев, Струмица Сити