
Радовишки Детонит Плачковица за продолжението од Втората македонска фудбалска лига се засили со Костадион Капсаров.
19-годишникот во Радовиш доаѓа од редовите на струмичка Беласица, а претходно беше дел од Беласица, Брера Струмица и Кожуф од Гевгелија.
Струмичанецот важи за млад и талентиран играч, кој ќе биде вистинско освежување во редовите на тимот кој е предводен од штипскиот стратег Горан Здравков.
Александар Ванев, Струмица Сити