
Прилепска Победа за вториот дел од сезоната во Втората фудбалска лига се засили со Младен Љумовиќ.
Се работи за 33-годишен кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица и треба да биде големо засилување за прилепскиот второлигаш.
Во својата кариера во мак-фудбалот струмичанецот уште настапуваше и за Брера Струмица.
Победа во пролетниот дел ќе води борба за сигурен опстанок, а Љумовиќ ќе треба да помага тимот да се спаси и остане во Втора лига.
Александар Ванев, Струмица Сити