Брера Струмица загуби од Тиквеш на последниот тест пред стартот на пролетната полусезона во Прва лига

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Прволигашите Тиквеш и Брера Струмица денес ја одиграа „генералката“ пред стартот на пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот заврши со триумф за кавадаречкиот тим од 2:1, каде стрелци за Тиквеш беа Рушту и Мишов.

Двете екипи во Првата лига ги очекува неизвесна полусезона во борба за потврда на опстанокот. Тиквеш отвара против лидерот Силекс во Кратово, а пак Брера Струмица во Битола против Пелистер.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.