Струмичка Беласица го совлада Септември Смитли на пријателски меч на „Благој Истатов“

ФОТО: ФК Беласица

Македонскиот второлигаш Беласица денес одигра пријателски меч на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица каде со резултат од 2:0 ја совлада екипата на Септември Смитли, Бугарија. Стрелци за струмичкиот тим предводен од Александар Стојанов беа Сулев и Коцев.

Беласица со млади играчи и неколку искусни како Сулев и капитенот Милушев ќе влезе подготвена во пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига. Беласица полусезона ја отвара дома против Арсими.

Како што е познато пролетната полусезона започнува на 15. февруари.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.