
Прволигашот Брера Струмица за пролетната полусезона се засили со 22-годишниот фудбалер Михаил Милевски, кој во струмичкиот прволигаш доаѓа од редовите на второлигашот Новаци.
Се работи за играч кој може да покрив повеќе позии на средината од теренот, но и во дефанзивната линија.
Во својата кариера младиот Михаил Милевски освен за второлигашот Новаци ги бранеше боите и на Охрид, хрватскиот Младост Клоштар, битолски Пелистер, Кит Го од Пехчево.
Во пролетниот дел од сезоната Брера Струмица влегува комплетно во променет лик и со нов тренер, а предизвикот ќе биде овој млад тим да избори опстанок во Првата лига.
Александар Ванев, Струмица Сити