Триумф за Брера Струмица на меѓународниот пријателски меч против Беласица Петрич

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Прволигашот Брера Струмица со 2:1 триумфираше на меѓународен пријателски меч против бугарскиот тим Беласица Петрич.

Резултатот го отвори Ѓоргиевски во 5. минута од мечот за водство на македонскиот прволигаш од 1:0. Беласица Петрич преку Божинов во 20. минута постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел од натпреварот Крстев постигна гол, откако стрелаше во 75. минута за конечни 2:1.

Брера Струмица во пролетниот дел од Првата лига ќе настапи со изменет лик во однос на есенскиот дел, а пролетниот дел го отвара во Битола против Пелистер.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.