Беласица утре го игра првиот пријателски меч против Шкендија

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Утре во Струмица ќе се одигра пријателски меч на стадионот „Благој Истатов“ со почеток од 13:30 часот. Второлигашот Беласица ќе се тестира со прволигашот Шкендија, што ќе биде прв тест и за двете екипи.

Веќе од утре екипите како од Првата, така и од Втората лига ќе започнат со одигрување на пријателски натпревари, со цел темпирање на формата за пролетниот дел од сезоната.

Овој викенд ќе се одиграат повеќе пријателски натпревари.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.